Top Sport

Железничар има 11 позитивни на корона вирус, неизвесен мечот со Макаби

Дуелот од квалификациите во Лига Европа помеѓу Макаби Хаифа и Железничар најверојатно нема да се одигра откако во сараевскиот клуб има вистинска епидемија на корона вирус.

Шест фудбалери на клубот од Босна и Херцеговина не отпатуваа во Израел поради позитивни тестови, а сега од клубот потврдија дека по тестирањето при пристигнувањето во Израел тие имале уште 5 позитивни случаи.

Израелските медиуми веќе тврдат дека УЕФА решила да го откаже мечот и да му додели службена победа на Макаби, каков што беше случајот со косовските клубови кои имаа позитивни тестови.

Scroll to Top