Жерард Пике открива дека деновите кога беше фудбалер на Манчестер јунајтед биле одбележани со многу забави, со многу проблеми со полицијата и со необичен инцидент со Сер Алекс Фергусон е еден зајак.
Пике, кој играше за „ѓаволите“ од 2004 до 2008, кога замина во Барселона, како дел од новиот документарен филм за Барселона, објаснува дека деновите во Јунајтед биле „мрачни“ и дека тој бил познат како некој што прави проблеми.
„Некои мрачни моменти во Манчестер. Неколку пати завршував во полициска станица. Подобро да не одам во детали, бев млад, бев таму и немав никого“, вели Пике.
Тој исто открива дека ја изнајмувал куќата од менаџерот Сер Алекс Фергусон.
„Изнајмив куќа од Сер Алекс. И купив зајак, кој го уништи мебелот. Ги изгриза сите седишта… Кога си заминав, Алекс беше многу лут“, вели Пике.
Но, ситуацијата не завршила тука и Фергусон имал „епизода“ во соблекувалната.
„Два-три дена пред Божиќ имаше забава само за фудбалерите. Навистина се опуштивме и траеше цел ден. Си отидовме од тренинг, ги оставивме колите таму и изнајмивме автобус. Потоа отидовме во казино, па на забава, па пак во казино. Следниот ден Сер Алекс не чекаше во соблекувалната. Добивме вистинска лекција. Имаше едно алуминиумско столче и тој го удри со ногата и се повреди. Беше спектакуларно. Оттогаш немаше забави за Божиќ“, објаснува Пике.