Жерардо Сеоане од наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Швајцарецот со „фармацевтите“ потпишал договор до јуни 2024 година.
Сеоане на тренерската функција ќе го замени Ханес Волф, кој беше в.д. тренер по заминувањето на Холанѓанецот, Петер Бос.
Сеоане во Левекузен доаѓа од Јан Бојс, екипа со која во изминатите три години испиша историја во швајцарскиот фудбал. Јанг Бојс, со Сеоане освоија три шампионски титули, освојувајќи во просек по 2,3 бода по натпревар.
Сезонава на првото мести имаа 28 бодови повеќе од Базел.
Баер Леверкузен наредната сезона ќе игра во Лига Европа.