Новиот прволигаш Парма стигна до третата победа во Серија А, откако голот на ветеранот на Арсенал и Рома, Жервињо беше доволен за 1:0 победа над Емполи.
Ова беше трет гол за Жервињо за неговиот нов тим, откако во 33. минута доби одлична топка од Антонино Барила, и од тежок агол го совлада голманот на Емполи.
Парма со победата е на деветтото место во Серија А со 10 поени по седум кола, додека Емполи уште сега најавува грчевита борба за опстанок – тие се на 18. место со една победа и шест меча без триумф.
Goooooool do Parma
Parma 1-0 Empoli
⚽ Gervinho
pic.twitter.com/hQIiFr8ggC— Campeonato Italiano (@CampeonatoItal1) September 30, 2018