Top Sport

Жешкo на „Пољуд“, Мишо Ковач во „десетката“ на Модриќ, уште нема голови

Хрватска на преполниот „Пољуд“ во „електрична“ атмосфера, засега не успеа да дојде до водство против Русија во одлучувачкиот меч за пласман на Мундијалот во Катар и покрај постојаниот притисок на тимот на Златко Далиќ.

На трибините во Сплит се појави и хрватската музичка легенда, Мишо Ковач, во „десетката“ на Лука Модриќ, добивајќи овации од публиката.

На Хрватите им е потребна победа над Русија за директен пласман на Мундијалот, а доколку заврши нерешено, вице-шампионите од претходниот Мундијал ќе завршат во баражот. Русија пред последното коло има 22 освоени поени, а Хрватите 20., а првиот меч на „Лужники“ заврши 0:0. Единствениот пораз Хрватите го забележаа од Словенија (1:0) во март.

Scroll to Top