Top Sport

Фразата на Макс Алегри влезе во италијанскиот речник!

Масимилијано Алегри во својата тренерска кариера освои многу титули, со Милан и секако, со Јувентус, но вакво остварување досега немал – негова фраза влезе во „Трекани“, италијанскиот толковен речник.

Алегри се врати во Торино по двегодишна пауза, и веднаш неколк пати ја искористи фразата „corto muso“, која првпат ја искажа во 2019 година по поразот од СПАЛ. „Corto muso“ буквално значи кратка узда и Алегри покрај љубовта кон фудбалот, е страствен љубител на коњи, и во еден момент во минатото беше сопственик на тркачки коњ. Алегри со изјавата сака да каже дека понекогаш треба да се стави на страна желбата за убав фудбал и многу голови, за да се фокусираш на кратката узда и да победиш за „влакно“.

За фразата „corto muso“ во речникот е посочено дека ја кажал Масимилијано Алегри и е објаснета како „технички поим кога големата предност не е одлучувачка, бидејќи е потребна само мала предност за да се победи“.

Scroll to Top