Бока јуниорс стигнаа до победа во аргентинското „Суперкласико“, совладувајќи ги Ривер Плејт со 2:1 во меч со два црвени картони во секогаш вжештената атмосфера на „Ел монументал“.
Уругвајскиот интернационалец Нахитан Нандез го постигна победничкиот гол на 17 минути пред крајот, со што Бока се зацврстија на првото место во аргентинската Суперлига со 9 поени предност, за уште еден болен пораз на Ривер, кои претходно загубија во Копа Либертадорес од Ланус минатата недела.
Едвин Кардона го доведе тимот на Гијермо Скелото во предност пред полувремето со одличен удар од слободен удар, кој беше доделен откако Начо Фернандес удри противни со нога, и доби црвен картон.
Судијата Нестор Питана потоа го исфрли и Кардона во игра поради удар со лакт кон Енцо Перес. Само четири минути откако Леонардон Понцио израмни со одличен гол, Нандез го замолче „Ел монументал“.
Инаку, ова беше јубилејно 200. Суперкласико.