Top Sport

Харден ја „згази“ Јута

Кошаркарите на Хјустон Рокитс ја совладаа Јута Џез 137:110, а плајмејкерот на тимот од тексас Џејмс Харден одигра натпревар на кариерата, кој догло ќе се прераскажува.

Харден против Јута на теренот мина 35 минути и забележа 56 поени со шут од поле 19/25 (7/8 за три, 11/12 слободни фрлања). На овој учинок тој придодаде 2 скока, 13 асистенции, 2 украдени и 7 загубени топки.

Харден покрај Расел Вестбрук е единствениот играч во последните 30 години, кој одиграл најмалку три натпревари на кои имал најмалку 50 поени и 10 асистенции. Исто така, Харден застана до легендарниот Вилт Чембрлен како играч кој постигнал најмалку 50 поени и имал најмалку 10 асиситенции со процент на реализација од 75 отсто.

Харден против Јута беше на еден поен до соборување на рекордот на франшизата кој сеуште е во сопственост на Келвин Марфи.

Scroll to Top