Top Sport

Жесток удар за Барселона пред „Ел Класико“

Лоша вест му соопштија на тренерот на Барселона, Ханси Флик, по денешниот тренинг на тимот, пред неделниот (26 октомври, 16:15) Ел Класико против Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Според извештаите на неколку шпански медиуми, Бразилецот Рафиња дефинитивно е во„аут“ за големиот натпревар и нема да може да се појави на теренот, бидејќи, се чини, сè уште не е целосно опоравен од повредата што го мачи веќе еден месец.

Иако извештаите на шпанските медиуми од четвртокот наговестуваа дека Рафиња би можел да учествува во Ел Класико, ситуацијата денес се промени, 28-годишниот играч почувствувал болка и го напуштил тренингот на шпанскиот шампион.

Од претходно се знаеше дека дербито ќе го пропуштат Тер Штеген, Џоан Гарсија, Гави, Дани Олмо и Левандовски.

Барселона ќе биде и без суспендираниот тренер, Флик, па веројатно тимот на тернот е го води Тијаго Алкантара, кој е еден од петте помошници на Германецот.

Scroll to Top