Попладнево од 16 часот Валенсија ќе ја пречека Барселона во дерби натпреварот во Ла Лига. Два часа пред почетокот на натпреварот од 21 коло на улиците на Валенсија дошло до жестока пресметка помеѓу навивачите на двата клуба.
Хулиганите на Валенсија и Барселона се пресметале пред стадионот „Местаља“. Хулиганите фрлале столици и факели, а имало и физичка пресметка.
Полицијата бргу воспоставила контрола, ги растерала хулиганите. Засега нема информации за повредени и уапсени.
Мечот и претходно бил прогласен за „натпревар од висок ризик“.
Enfrontaments ara mateix davant el Mestalla entre ultres del FC Barcelona i del València CF. pic.twitter.com/ECTzTVZmbc
— Miquel Ramos (@Miquel_R) January 25, 2020