Top Sport

Жестоки казни за хулиганите што расистички го навредуваа Винисиус Жуниор

Навивачите кои расистички го навредуваа Винисиус Жуниор, ѕвездата на Реал Мадрид, добија жестоки парични казни до 60.000 евра, но и забрана од една до две години за да влезат на стадион.

Винисиус трпеше жестоки навреди од навивачите на Валенсија, по што клубот ќе мора да плати казна од 50.000 евра, а и да ја затвори трибината на пет натпревари.

Казнети се навивачите на Атлетико Мадрид, кои на надвозник „обесија“ кукла со ликот на Винисиус Жуниор. Тие добија парична казна од 60.000 евра и двегодишна забрана за влез на стадион.

Ла Лига тргна во голема офанзива за спречување на расизмот на стадионите во Шпанија.

 

Scroll to Top