Поранешниот фудбалер, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано, зборуваше за шпанска телевизија за Винисиус Жуниор, кој веќе некое време не е на највисоко ниво.
Винисиус не го криеше незадоволството, кога во 70-та минута, беше заменет на натпреварот против Еспањол.
Валдано истакнува дека, пред сè, мора да го подигне своето ниво, а потоа да го убеди тренерот дека може да игра, а потоа рече: „Ваквите ставови изразени јавно не се здрави. Тие не се здрави во никој случај.“
Тој имаше слабо Светско клупско првенство, а оваа сезона влезе со два гола и две асистенции на пет натпревари.
„Винисиус е човек на кого Реал Мадрид му даде голема поддршка. Се бореше против целиот свет. Луѓето, па дури и клубот, помеѓу светот и Винисиус, застанаа на страната на Винисиус. Но, сега се поставува уште едно прашање. Винисиус повеќе не е лут на светот, сега е лут на сопствениот тренер, а луѓето во Реал Мадрид отсекогаш го ставале клубот пред играчот.
Затоа треба да биде малку повнимателен, бидејќи ваквите гестови содржат и доза на непочитување кон играчот кој треба да влезе на теренот“, рече тој.
Винисиус има договор до 2027 година и како што стојат работите неговата иднина во Реал е неизвесна.