Top Sport

Жесус ги однесе „граѓаните“ во финалето на ФА купот (Видео)

Манчестер сити изборија пласман во финалето на ФА купот. Играчите на Пеп Гвардиола, во полу-финале, со минимален резултат го победија тимот на Брајтон.

Натпреварот го реши бразилскиот репрезентативец Габриел Жесус по само четири минути игра. Асистент за голот беше Кевин Де Брујне.

Во останатите минути од натпреварот Сити имаа шанси да ја зголемат предност, меѓутоа во завршницата непрецизни беа Стерлинг и Данило. На другата страна, Брајотн, речиси и да немаа добра шанса да го совладаат Едерсон.

Противникот на Сити во финалето ќе биде познат утре, кога своето полу-финале ќе го одиграат Вотфорд и Вулверхемптон. Манчестер сити сезонава го освоија Лига купот, а во игра се и за освојување на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

foto/epa

Scroll to Top