Тренерот на фудбалерите на Фламенго Жорж Жесус се излечил од коронавирусот. Португагалецот минатиот понеделник имал позитивен тест.
Резултатите на новиот тест што го направил поранешниот тренер на Бенфика и Спортинг биле негативни.
„Фламенго ја известува јавноста дека новит тест на Жесус е негативен. Клубот им благодари на сите за поддршката“, се наведува во клупското соопштение.
Жесус со Фламенго има сјајна сезона во која ги освои титулите во првенството на Бразил, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.