Top Sport

Жесус: Три години сум тука не сакам повеќе да бидам резерва

Габриел Жесус, во интервју за една бразилска телевизија, се пожалил на статусот што го има кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Младиот напаѓач сакал повеќе време да минува на теренот, односно не сака да биде стартер во помалку важните натпревари.

Жесус во јануари 2017 година пристигна во Манчестер сити од Палмеирас за 32 милиони евра. Досега одиграл 106 натпревари за „граѓаните“ на кои забележал 48 гола и 11 асистенции.

22 годишникот е прв избор во нападот во репрезентацијата на Бразил, но во Сити не може да се избори за таков статус покрај клупската легенда Серхио Агуеро.

„Ја минав фазата во која морам да ја чекам својата шанса. Ова ми е трета сезона во Сити и сакам повќе да играм. Минатата сезона беше многу тешка, не играв на важните натпревари. Особено ми беше тешко што не играв против Тотенхем кога испаднавме од Лигата на шампионите. Секако дека боли кога не добиваш можност да играш, мислам дека тое е нормално кога си професионален фудбалер. Бев вознемирен, но ја разбрав одлуката на тренерот“, рекол Жесус и потоа проговорил за конкурентот во тимот Агуеро.

„Многу е тешко кога за место во тимот се бориш со Агуеро, но тоа е добр за сите. Кога тој игра добро и Сити игра добро. Јасно мие зошто Пеп го форсира него. Постои разлика кога си резерва дека не играш добро и кога се резерва бидејќи некој игра подобро од тебе. Агуеро е фантастичен, ја разбирам ситуацијата. Но сепак би сакал повеќе да играм“.

Сезонава Габриел Жесус има одиграно 126 минути во Премиер лигата, го одигра целиот меч против Шахтјор во Лигата на шампионите, а се очекува да биде во почетниот состав и против Динамо Загреб наредната недела.

Scroll to Top