Трансферот на Габриел Жесус (25) од Манчестер Сити во Арсенал е еден од најинтересните во актуелниот преоден рок. Бразилецот одлично се вклопи во тимот на Микел Артета. По одличниот подготвителен период тој продолжи да блеска во Премиер лигата каде сам го совлада Лестер со два гола и две асистенции.
Изјавата што ја даде по победата над Лестер го привлече вниманието на јавноста. Жесус рекол дека повторно со насмевка ги игра натпреварите. Многумина се согласуваат дека изјавата е наменета за менаџерот на Манчестер сити, пеп Гвардиола.
„Во Манчестер сити и во репрезентацијата многу често играв на крилните позиции, а по Светското првенство дури мислев дека не можам да играм како деветка. Но, се сменив, сега имам поголема самодоверба. Всушност, можноста да играм на повеќе позиции е благослов, но јас сум сепак сум класична деветка. Тука сум за да ги завршам шансите, но секако и да му помогнам на тимот. Долго време си мислев дека не сум центарфор, туку крило. Повторно се смејам додека играм фудбал. Сега се вратив на она што бев. Не сум робот, таков бев таму“, изјави бразилскиот фудбалер.
Габриел Жесус од Палмеирас во јануари 2017 година пристигна во Манчестер сити. Со „граѓаните“ четири пати беше шампион на Англија, одигра 235 натпревари и постигна 95 голови.