Top Sport

Жилберто Силва: Покрај Парти и Џака изгледа подобро

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Жилберто Силва ја пофали играта на „топчијата“ Томас Парти. Тој дојде од Атлетико Мадрид како големо засилување и добро се снајде во лондонскиот тим.

Се чини и дека менаџерот Микел Артета му ја пронајде вистинската улога во тимот.

„Покрај него и Џака изгледа добро. Покрај него, и дефанзивците изгледаат добро. Полесно им е затоа што знаат дека веднаш имаат на кого да му додадат и тоа е сигурна опција. Посигурни се со топката. Многу е важен за Арсенал, добро се позиционирам добро размислува и добро ја контролира играта“ рече Жилберто Силва.

Сезонава има 21 настап за Арсенал во сите натпреварувања. Дојде за 50 милиони евра.

Scroll to Top