Top Sport

Жињак го одведе Тигрес во полуфинале на Светското клупско првенство

Фудбалерите на мексикански Тигрес се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во Катар.

Мексиканскиот клуб попладнево со пресврт, со 2-1 славеше против корејски Улсан откако во 24 минута Ки-Хе Кин донесе водство за азијскиот претставник на ова натпреварување.

Пресвртот за Тигрес беше благоарение на францускиот напаѓач Андре-Пјер Жињак кој со головите во 38, и во 45 минута, од пенал, го постави конечниот резултат.

Во полуфиналето противник на Тигрес ќе му биде бразилски Палмеирас, а вториот полуфинален меч ќе биде познат по завршувањето на натпреварот меѓу локалниот Ал Духаил и Ал Ахли од Египет. Победникот од овој меч во борбата за финале ќе се судри со европскиот шампион, Баерн Минхен.

Полуфиналните дуели се на 7. и 8. февруари, а финалето е закажано за на 11. овој месец.


Scroll to Top