Top Sport

Жирков го пропушта четврт-финалето

Домаќинот на светското првенство Русија за четврт-финалниот натпревар против Хрватска нема да може да смета на услугите, на еден од своите најдобри фудбалери Јуриј Жирков.

34-годишниот лев бек беше заменет во полувремето на натпреварот против Шпанија, а рускиот селектор Станислав Черчесов, открил дека за Жирков СП е завршено.

„Има повреда на Ахиловата тетива. Ќе направиме уште неколку прегледи, но мислам дека Жирков го одигра својот последен меч на СП“, рекол Черчесов.

За очекување е дека неговото место во тимот ќе го заземе Владимир Гранат, кој одигра солидно во второто полувреме и продолженијата, против фаворизираната Шпанија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');