Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру, го обележа петтото коло во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец со четирите гола против Севилја влезе во историјата на ова натпреварување.
Челси, синоќа во Севилја, го победи домашниот тим со 4:0. Головите за „сините“ ги постигна Жиру.
Тој е првиот играч на Челси, по Дидие Дрогба, кој успеал да еден натпревар во Лигата на шампионите да постигне хет-трик. Во историјата влезе како највозрасниот фудбалер со вакво остварување.
На „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја, Жиру, добил девет „воздушни“ фуели, пет пати шутирал кон голот на притивникот, изнудил три прекршоци, имал една интервенција и една одземена топка.
Жиру влезе во елитното друшто на фудбалери кои постигнале четири гола на натпревар во Лигата на шампионите.
Лионел Меси и Роберт Левандовски два пати успеале да постигнат по четири гола, додека по еднаш тоа им успеало на: Марко ван Бастен, Симоне Инзаги, Дадо Пршо, Руд ван Нистелрој, Андреј Шевченко, Бафетими Гомис, Марио Гомез, Златан Ибрахимовиќ, Луиз Адријано, Кристијано Роналдо, Серж Гнабри и Јосип Иличиќ.
Челси со убедливата победа над Севилја го обезбеди првото место во групата.