Top Sport

Синот на Мухамед Али живее во сиромаштија во Мајами

Единствениот биолошки син на Мухамед Али тврди дека преживува со помалку од 8 долари дневно и дека мора да прифаќа било каква работа за да може да си купи храна.

Мухамед Али Јуниор требаше да добие 5 милиони долари по смртта на боксерската легенда во 2016 година, но тој тврди дека добива само мал месечен приход од фондацијата и дека ќе го помине Божиќ скромно.

„Немам план за Божиќ, бидејќи само се обидувам да преживеам. Работам секакви работи, од градежништво до чистење, но во моментов не заработувам ништо“, вели Али Јуниор.

46-годишниот Али Јуниор живее во Мајами, додека неговата поранешна сопруга Шакира и нивните две деца се преселени во Чикаго. Тој очекувал да го подели богатството на неговиот татко од над 70 милиони долари со четвртата сопруга на боксерот, Лони, седумте ќерки и посвоениот син Асад, меѓутоа вели дека имал конфликт со својата маќеа десетина години.

Поради ова, фондацијата на Мухамед Али му исплаќа на Јуниор само 1.000 долари месечно – од кои 700 долари одат за изнајмување на куќата во која живее, по што на крајот му остануваат 200 долари месечно.

Scroll to Top