Top Sport

Жиру: Натпреварот со Интер ќе биде дербисимо

Фудбалерот на Милан, Оливие Жиру во интервју за „Лекип“, зборуваше за пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите, како и за својот нов договор со клубот од „Сан Сиро“.

Фудбалерите на Милан го елиминираа Наполи во четврт-финалето од Лигата на шампионите, во полуфиналето за противник ќе го имаат градскиот ривал Интер.

„Тоа ќе биде дербисимо, Милано ќе гори. Градот ќе доживее нешто неверојатно, а исто така и ние. Еднаш стигнав до полуфиналето, тогаш со Челси победив во Лигата на шампионите. И тогаш со Челси бевме аутсајдери. И овој пат не бевме фаворити, но го елиминиравме Наполи“, вели Жиру.

Францускиот напаѓач ги пофали и соиграчите, прво Рафаел Леао, а потоа не можеше да не го спомене и сонародникот Мајк Мењон кој брани фантастично во дресот на Милан.

„Милан полека се враќа таму каде што му е местото благодарение на добриот тим. Има интензитет и голема цврстина, што е нашата сила. Почнувајќи од Мајк (Менјан). Тој ни носи смиреност и самодоверба, тоа е многу важно. Ние сме цврст тим кој има иднина, но мораме да се подобруваме секој ден. Тимот е млад и покарј тоа што јас му ја ’убивам’ просечната возраст“, се пошегува Жиру.

Scroll to Top