Top Sport

Жиру официјално продолжува со Челси

И покрај тоа што се веруваше дека сигурно заминува во Серија А, Оливие Жиру го продолжи договорот со Челси до јуни 2021 година.

Антонио Конте се надеваше дека ќе го убеди 33-годишниот ветеран да ја продолжат соработката, овојпат во Интер, а бидејќи договорот на Французинот завршуваше на крајот на сезоната, се веруваше дека тој ќе се обиде да замине за да добие повеќе минути игра.

Вечерва, Челси официјално потврдија дека ја искористиле опцијата да го продолжат договорот со освојувачот на светска титула.

„Пресреќен сум што ќе продолжам патот и авантурата со Челси. Едвај чекам да се вратиме на фудбалот. Гордо го носам дресот на Челси и сакам да играме пред нашите фанови на ’Стемфорд бриџ’ кога ќе биде безбедно“, изјави Жиру.

Scroll to Top