Оливие Жиру призна дека најверојатно ќе замине од Челси веќе во јануари, велејќи дека неговата ситуација на „Стемфорд бриџ“ е загрижувачка.
34-годишниот ветеран има 29 гола во 95 настапи за Челси по пристигнувањето од Арсенал во јануари 2018 година, помагајќи да се освојат ФА купот и Лига Европа, но тоа не му го гарантираше местото во првата половина од новата сезона, и сега постојат шпекулации дека Интер би му дале договор веќе во јануари.
„Ситуацијата е загрижувачка. Мислев дека имам уште улога во Челси, но добивам многу малку шанси. Тоа мора да се смени или во јануари ќе морам да донесам одлука. Се надевам дека нема да згрешам“, вели Французинот.
Шансите дека ќе добие трансфер на „Џузепе Меаца“ се зголемија откако директорот на Интер, Џузепе Марота призна дека Кристијан Ериксен, еден од незадоволните „нераѕури“ може да замине во јануари.
„Тренерот Конте даде детални одговори за изборот на тимот, а никој клуб не треба да го спречува фудбалерот ако тој сака да замине. Ериксен е професионалец и е достапен во тимот, и ако има некакви барања ние ќе одговориме“, изјави Марота.