Top Sport

Интер со драма против Торино, Сасуоло е лидер во Серија А!

Интер губеше 0:2 од Торино до 64. минута од мечот, за на крајот да успее да извлече 4:2 победа против „биковите“, за да скокнат на петтото месот во Серија А, три поени зад неверојатниот нов лидер, Сасуоло.

Симоне Заза во финишот на првото полувреме ги донесе гостите на водство на „Меаца“, пред во 62. минута тие да го удвојат водството со гол од пенал на Кристијан Ансалди. Сепак, тимот на Антонио Конте одговори бргу, само две минути подоцна кога Алексис Санчез најдобро се снајде во мешаницата пред гостинскиот гол, за три минути подоцна Чилеанецот да го најде Лукаку за израмнување.

Лукаку беше стрелец на победничкиот гол во 84. минута со удар од белата точка, пред Лаутаро Мартинез во 90-тата минута да зголеми на 4:2.

Сасуоло, кои успеја со 2:0 да слават кај Верона со головите на Жереми Бога и Доменико Берарди, се лидери во Италија со 18 поени, еден повеќе од Милан (кои вечерва гостуваат кај Наполи) и Рома, која, пак, лесно ја „реши“ Парма во првото полувреме со двата гола на Хенрик Мхитарјан и еден на Борха Мајорал.

СЕРИЈА, 8.КОЛО

Рома – Парма 3:0

Интер – Торино 4:2

Сампдорија – Болоња 1:2

Верона – Сасуоло 0:2

Scroll to Top