Оливие Жиру се наоѓа пред трансфер во Милан, тврди „Калчомеркато“. Францускиот репрезентативец, во Милан доаѓа на местото на Марио Манџукиќ, кој по само шест месеци го напушти клубот.
34-годишниот Жиру, во саботата со Челси ја освои Лигата на шампионите. Во Милан тој треба да биде алтернативата за ветеранот Златан Ибрахимовиќ.
Жиру, во Милан ќе дојде како слободен играч, со клубот од „Сан Сиро“, ќе потпише двегодишен договор.
Жиру, во кариерата играл за Гренобл, Истерс, Монпелје, Арсенал и Челси. За Франција настапил на 107 натпревари, постигнал 44 голови. Со триколорите во 2018 година стана светски првеск.