Оливие Жиру ги договорил личните услови со челниците на Интер, открива „Скај Спорт“. Според овој извор менаџерот на францускиот фудбалер пред два дена бил во Милано.
Условите што ги договорил менаџерот на Жиру ќе важат само доколку трансферот од Челси биде реализиран во зимскиот преоден рок. Доколку трансферот биде одложен за летниот преоден рок тогаш условите ќе може да се менуваат.
Клубовите треба да се договорат околу обесштетувањето, Челси барале осум милиони евра, додека Интер нудат помала сума на пари.