Top Sport

Жиру се враќа во Европа

Оливие Жиру порано ги тресеше мрежите во Лигата на шампионите, но на залезот на кариератс одлучи да оди во МЛС лигата. Сепак, како што стојат работите ветеранот е подготвен да се врати во Европа.

Жиру е во Лос Анџелес веќе една година, но очигледно сè уште му недостасува најквалитетниот европски фудбал. Поради оваа причина, Жиру е на прагот да се врати во родната Франција, каде што ќе потпише договор со Лил.

Доколку тоа се случи, Жиру ќе се врати во својата татковина по 13 години. Играше за Монпелје, од каде подоцна се пресели во Арсенал.

Договорот на Жиру истекува на крајот од календарската година, но извесно е дека ЛА ќе го пушти во Лил, бидејќи во Калифорнија не се премногу задоволни од перформансите што ги имаше Жиру оваа сезона и минатата сезона.

Францускиот напаѓач во кариерата играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпелје, Арсенал, Челзи и Милан. Тој одигра 137 натпревари за француската репрезентација и постигна 57 голови.

Scroll to Top