Top Sport

Жиру, сепак, ќе си остане во Челси

Оливие Жиру ќе го послуша Френк Лампард и ќе остане на „Стемфорд бриџ“ до крајот на сезоната и покрај интересот на италијанските гиганти, Јувентус, тврди порталот „Гол“.

Договорот на францускиот напаѓач со Челси завршува во јуни 2021 и премиерлигашот нема клаузула за продолжување на една сезона, која што ја искористија во 2020. 34-годишниот ветеран призна дека сака да добива повеќе шанси да биде стартер пред Европското првенство, но сега во интервју за францускиот весник „Ле дофин либер“ вели дека сака да освојува трофеи со „сините“.

„Амбицијата е да се освои нешто со Челси оваа сезона. Остатокот од мојата кариера, барем на краткорочен план го гледам во Челси. Сите знаеме дека работите бргу се менуваат во фудбалот, на добро и на лошо, и сакам да се концентрирам само на играта. Договорот завршува во јуни, па ќе разговараме кога ќе заврши сезоната. Имаме силен тим и квалитет на сите позиции“, вели Жиру.

Поранешниот напаѓач на Арсенал и неговото семејство исто така ужива во животот во Лондон, иако за малку минатата зима ќе заминеше во Интер.

Scroll to Top