Top Sport

Жителите на овие четири држави нема да го следат манчестерското дерби

Во недела на „Олд Трафорд“ во Манчестер Јунајтед и Сити ќе го одиграат градското дерби. Спортската јавност со внимание ќе го следи манчестрското дерби кое може во многу нешта да ја реши сезоната, бидејќи Сити има осум бода предност пред Јунајтед.

Навивачите ширум светот ќе уживаат во дребито, кое спортските коментатори го прогласија за најзначаен дуел кој викендов ќе се одигра низ цела Европа.

Интересно само четири држави нема да емитуваат слика од „Олд Трафорд“, тоа се Молдавија, Свети Кристофер и Невис, Куба и Северна Кореја.

Се очекува ова дерби да ја сруши гледаноста од 2012 година.

Манчестерското дерби в недела ќе започне во 17:30 часот.

Scroll to Top