Top Sport

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Поранешниот шпански напаѓач на Реал Мадрид, Ливерпул, Монако и Валенсија, Фернандо Мориентес (49) доживеа белодробна емболија поради формирање на тромб – последица на претераното седење и честите патувања со авион и автомобил.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија ја сподели својата приказна во програмата „Tiempo de Juego“ на „COPE Radio“ за да ја предупреди јавноста за можните опасности:

„Се враќав од Уелва во Мадрид, ме болеше градниот кош, имав остра болка под градната коска. Мислев дека е нешто со желудникот и не отидов во болница. Подоцна почувствував нешто друго и решив да одам на лекар. Прегледот откри високо ниво на срцеви ензими, што веднаш го зголеми сомнежот за проблеми со срцето, имав белодробна емболија“, рече Мориентес.

Тој нагласи дека тромбот настанал од долго седење.

„Тоа е згрутчување кое се формира зад коленото, од долго седење во авион или автомобил. Да знаев, порано ќе земав хепарин. Згрутчувањето отиде во белите дробови, затоа ме болеше. Поминав пет дена во болница. Можев да умрам”, признал Мориентес.

Напомена дека не пие и не пуши, но тоа не е гаранција кога се работи за тромбоемболија, особено кај луѓето кои често патуваат.

Scroll to Top