Top Sport

Животот на Мбапе во ПСЖ ќе се претвори во пекол

ПСЖ нема да го продадат Килијан Мбапе во актуелниот преоден рок. Напаѓачот одби да го продолжи договорот, што значи дека по завршувањето на сезоната 2021/2022, ќе го напушти клубот како слободен играч.

Француските медиуми пишуваат дека клупските челници, на чело со Насер Ал-Келаифи, биле лути и ќе направат се за да му го отежнат животот на Мбапе во Париз.

Според овие извори, ПСЖ нема да го продадат напаѓачот, тој ќе биде во тимот, но нема да игра, туку натпреварите ќе ги гледа од трибините.

Нешто слично, пред две години, ПСЖ му приредија на Адриен Рабио. И тој не сакаше да го продолжи договорот, поради што речиси цела сезона беше на трибините. Рабиот потоа без обесшетување се пресели во Јувентус.

ПСЖ, доколку решат да го продадат Мбапе, би можеле да заработат и повеќе од 100 милиони евра, меѓутоа очигледно е дека парите не им се важни.

Scroll to Top