Top Sport

Жоао Феликс го сруши рекордот на Еузебио (Видео)

Младиот фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс, со трите гола што ги постигна против Ајнтрахт, влезе во историјата на португалскиот фудбал.

Напаѓачот роден во 1999 година стана најмладиот Португалец што успеал да постигне хет-трик во европските купови.

Претходниот рекорд го држеше еден од најдобрите напаѓачи во фудбалската историја, Еузебио, кој во 1962 година, на 20-годишна возраст постигнал хет-трик против Норкопинг.

Жоао Феликс, оваа сезона има одиграно 36 натпревари во сите натпреварувања и забележал 15 гола и шест асистенции.

Scroll to Top