Top Sport

Жоао Феликс: Мојот сон отсекогаш бил да играм за Барселона

Жоао Феликс не е среќен во Атлетико Мадрид и не е тајна дека сака да си замине. Португалецот во зимскиот преоден рок замина на позајмица во Челси, но „сините“ не сакаа да го купат. Сега тој се врати во Мадрид, но Диего Симеоне не смета на него, исто како што и Феликс не размислува за останување.

Портаугалецот бомбастично откри дека негов сон отсекогаш била – Барселона.

„Би сакал да играм за Барселона. Тоа отсекогаш бил мој сон, а кога јас би се прашувал, мојот прв избор би била Барса. Ако тоа се случи, конечно ќе биде остварување на мојот детски сон”, изјави Феликс.

Јасно е дека Феликс со оваа изјава си ја затвори вратата во Атлетико Мадрид, но и намигна на Барселона.

Каталонците во моментот не се финансиски способни да го реализираат неговиот трансфер.

Scroll to Top