Жоао Феликс, најскапиот фудбалер во историјата на Атлетико Мадрид, инсистира дека нема шанси да замине од клубот ова лето, бидејќи е посветен да успее со „рохибланкос“.
Атле го купија португалскиот плејмејкер пред три сезони за 126 милиони евра од Бенфика со репутација на еден од најголемите европски фудбалски таленти, но засега тој не ги оправда целосно очекувањата. Неодамна, шпекулациите велеа дека Манчестер сити се заинтересирани да го ангажираат, но тој вели дека е посветен на тимот на Диего Симеоне.
„Заминување од Атлетико не е опција. Се чувствувам добро и фокусиран сум на мојата работа. Смирен сум за мојата иднина и ќе направам што можам да го кренам нивото, моето и на тимот“, вели Феликс за „Марка“.