Top Sport

Вимблдон се откажа од уште една традиција – нема веќе Mrs i Miss пред женските шампиони

Вимблдон, тенискиот турнир кој постојано се гордееше со своите долгогодишни традиции, од оваа сезона се откажува од уште една, откако реши да ги отстрани титулите „Miss“ и „Mrs“ од ѕидот на честа, каде што се запишани имињата на женските шампиони на грен слемот.

Ол Ингланд клубот, за разлика од организаторите на другите гренд слем турнири, досега ги користеа овие титули пред имињата на шампионките, но не и на шампионите – лани Ешли Барти беше запишана како „Miss A Barty“, додека Новак Ѓоковиќ само како „N Djokovic“.

Вимблдон реши да го модернизира и ѕидот на шампиони, откако во 2019 година најавувачите престанаа да ги именуваат тенисерките со „Мис“ или „Мисис“. Самиот Ѓоковиќ во 2019 беше изненаден.

„Сметав дека тоа е уникатна традиција и нешто навистина посебно. Изненадувачки што на Вимблдон се решија за таква промена по толку години“, изјави во 2019 Ѓоковиќ.

Scroll to Top