Top Sport

Жоао Феликс со убава асистенција, Атлетико совршени на стартот (видео)

Потешко од очекувањата, Атлетико Мадрид ја забележа втората победа во новата сезона во Ла лига, триумфирајќи на гости кај Леганес со минимални 1:0.

Тимот на Диего Симеоне наиде на тврд противник, кој дури имаше и обид кој заврши во гредата, но на крајот „отпорот“ беше скршен во 71. минута кога Жоао Феликс имаше убава аситенција за Витоло, кој без проблем ја смести топката во мрежата.

Со овој триумф, Атлетико заедно со Севилја се единствените тимови во Ла лига кои имат максимални 6 поени по два меча.

Scroll to Top