Top Sport

Жоао Феликс во ПСЖ?

Новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике, сака во тимот да го донесе Жоао Феликс. Португлецот, вториот дел од сезоната ја мина на позајмица во Челси, а откако новиот менаџер Маурусио Покетино, објави дека таков играч не му е потребен, Феликс се врати во Атлетико Мадрид.

Жоао Феликс е најскапиот играч во историјата на Атлетико. „Јорганџиите“ во 2019 година за него на Бенфика и платија 126.000.000 евра. Во Атлетико само на моменти го покажа талентот што го поседува. Недоразбирањата со тренерот Диего Симеоне, придонесоа да се пресели на позајмица во Челси.

Феликс се надеваше дека ќе остане во Лондон, такви беа и најавите од „Стенфорд Бриџ“ се до доаѓањето на новиот тренер. Покетино процени дека Феликс не му е потребен.

Феликс се врати во Мадрид, но јасно е дека за него нема место во Атлетико. Излез му нуди Луис Енрике. Овој трансфер можат да го закочат финасиите.

Медиумите пишуваат дека Атлетико сака да го продаде Феликс, нема намера да го пупта на позајмица. Од продажбата се надеваат дека ќе заработат помеѓу 90 и 100.000.000 евра.

Од друга страна не делува реално, дека ПСЖ, доколку Килиајн Мбапе си замине, дека тие пари би ги инвестирал во Феликс.

Доколку се гледа само спортскиот момент, ПСЖ за Феликс, во овој момент е идеално место. Во Париз играат неговите колеги од репрезентацијата на Португалија: Витиња, Ренато Санчез, Нуњо Мендеш и Данило Переира.

Scroll to Top