Top Sport

„Жолтата подморница“ потона во Лас Палмас

Foto/ EPA

Фудбалерите на Лас Палмас го декласираа Виљареал со 3:0, во натпреварот од 20.коло во Примера.

Домашните поведоа во осмата минута, кога стрелец беше Родигригес и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

На 2:0 зголеми Хуан Мартин Херцог во 51. минута, а Родригес со својот втор гол на натпреварот во 63. минута го постави конечниот резултат.

Фудбалерите на Лас Палмас моментално се на 7. место на табелата во шпанската лига со 28 бодови, додека Виљареал е на 14. позиција и има 19 бодови.

Scroll to Top