Германските фудбалски фанови остануваат на „своето“ – не сакаат Бундеслига во понеделник. Откако минатата недела во Франкфурт фановите го бојкотираа мечот поради понеделничкиот фудбал, овојпат тоа се случи и во Дортмунд на дуелот Борусија-Аугзгубург.
Дури 15.000 навивачи не дојдоа на „Сигнал Идуна парк“, во обид да ги натераат луѓето од Бундеслигата да не се водат само од лукративните пориви, односно од поголемите пари од ТВ-правата.
На теренот, Борусија не успеа да ја намали предноста на Баерн Минхен на врвот на Бундеслигата, откако мечот заврши со 1:1. Марко Ројс, повратникот во составот, го постигна својот втор гол во последните три натпревари да даде рано водство на БВБ уште во 16-тата минута, но во второто полувреме, Аугзбург израмни преку Кевин Дансо во 77. минута.
Reus trying his hardest to be Bobby Firmino? pic.twitter.com/I71wL8izYL
— Lewis (@KloppXI) February 26, 2018
Борусија е на второто место со 41 поен, дури 19 помалку од Баерн Минхен и само еден поен пред третопласираниот Шалке. Аугзбург е на осмото место со 32 поени.
Франкфурт го прескокна РБ Лајпциг, фановите против понеделничкиот фудбал (видео)