Неверојатна драма ја обележа завршницата на квалификациските натпревари за пласман на ЕП за фудбалери до 19 години. За место на првенството што ќе се одржи во Словачка се бореа Србија и Украина.
На квалификацискиот турнир во Холандија, Србија славеше во дуелот со Норвешка 3:2, а Украина ја победи Холандија со 2:1.
Србија и Украина на крајот завршијан ист број на бодови и иста гол-разлика (6:4). Нивниот дуел во групата заврши без победник 1:1, поради што патникот на ЕП го одредија жолтите картони.
Србија собра 11 од нив на целиот турнир (само три на овој меч), а Украина 13, поради што младите српски фудбалери се пласираа на шампионатот во Словачка. Таму ќе играат против Англија, Израел и Австрија.