Бекот на Барселона, Жорди Алба во искрено интервју за италијанскиот „Тутиспорт“ открива дека подобрената форма оваа сезона е резултат на новиот начин на исхрана.
„Се чувствувам добро, секогаш трчам многу на мечевите, но сега чувството е поинакво и диетата навистина ми одговара. Се откажав од газираните сокови како кока-кола и фанта и веќе не јадам фаст-фуд“, вели Алба.
На Барселона на гостувањето кај Јувентус во среда ѝ е потребен само еден поен за да се пласира во осминафиналето на ЛШ, но Алба вели дека тие одат на победа.
„Вистина е дека реми ни одговара, но кога играш за клуб како Барса мораш да одиш на победа, и затоа одиме на три поени против голем ривал. Со новиот тренер Валверде се браниме со четири дефанзивци и тоа мене ми одговара. Без Нејмар можам да одам повеќе напред“, додава Алба.