Top Sport

Жорди Алба незадоволен од односот на Барса: Би сакал да ви кажам повеќе, но не можам

Жорди Алба, очигледно, не беше презадоволен од обидите на Барселона да го прати на позајмица во Интер, инсистирајќи дека никогаш не размислувал да го напушти каталонскиот клуб.

Алба, кој има мала минутажа под Чави Ернандез оваа сезона, првпат јавно проговори за шпекулациите за летниот трансфер кој не се оствари.

„Можам само да ви кажам дека моите мисли секогаш биле со Барселона. Мислам дека сум доволно добар да бидам тука, во спротивност, прв ќе си заминев. Тогаш клубот ќе си ги гледа своите интереси. Секогаш сум бил посветен на клубот и никогаш нема да одам против интересите на Барселона. Не можам да ви кажам повеќе, би сакал да ви кажам, но не можам“, изјави Алба.

Шпанските медиуми шпекулираа дека Барса се обиде да го прати Алба во Интер на последниот ден од преодниот рок без претходно да му го соопштат тоа.

Scroll to Top