Top Sport

Жорге Жесус: Стана многу модерно да се обвинува за расизам

Тренерот на Бенфика, Жорге Жесус вели дека обвинувањата за расизам станале „многу модерни“ и дека како „бран“ го преземаат светот по контроверзната вечер во Париз во вторникот и обвинувањата за расизам за четвртиот судија на мечот ПСЖ-Башакшехир.

Романецот Себастијан Колцеску беше обвинет дека е расист, откако го нарече помошникот тренер Пјер Вебо „negru“, што на романски значи црно. Мечот денеска се рестартираше со нови судии, но ветеранот Жесус даде интересен коментар.

„Не знам што се случило, што било кажано, но денеска работите околу расизмот се многу модерни. Како граѓанин, имам право да размислувам на мој начин и можам да имам конкретно мислење кога ќе дознаам што точно се кажало во тој момент. Овие денови, ако нешто се каже за црн човек, секогаш е расизам, додека истото за бел човек е нормално. Тоа е бран кој го презема светот. Можеби имаше знаци на расизам, не знам што тоно му кажале“, вели Жесус.

Scroll to Top