Top Sport

Коби Брајант е најопеан, следуваат Меси и Марадона

НБА легендата Коби Брајант е најспоменуваниот спортист во светот на музиката, и неговото име го има во 1.147 песни, повеќе од следните двајца на листата заедно, Лионел Меси и Диего Марадона.

Брајант беше легенда во текот на својата кариера, но по трагичната смрт на почетокот на 2020 година, неговото име стана навистина „бесмртно“. Според британската студија, името на Брајант е најспоменувано во светот на музиката со песни од Кање Вест, Џеј-Зи, Кендрик Ламар и Бед Бани. Дури 24 рап песни се директно посветени на Брајант.

Меси е на второто место со 553 песни во кои се споменува неговото име, а 30 песни се целосно посветени на него, додека Марадона е споменат во 270 песни, од кои 22 се посветени на легендата.

Scroll to Top