Италијанецот Жоржињо (Челси), Французинот Н’Голо Канте (Челси) и Белгиецот Кевин де Брујне (Манчестер сити) се кандидати за наградата Фудбалер на годината на УЕФА.
Скратената листа ја избира жири од 24-те селектори на репрезентациите кои играа на ЕУРО 2020, покрај 80-те тренери во клубовите кои играа во Лигата на шампионите и Лига Европа, како и 55 новинари од членките на УЕФА.
Жоржињо треба да е фаворит за оваа титула, како и за „Златната топка“, откако во 2020/21 ја освои Лигата на шампионите со Челси, и ЕУРО 2020 со италијанската репрезентација.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини исто така е во игра за тренер на годината по фантастичниот успех, против Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Томас Тухел (Челси).
Победниците ќе се прогласат при ждрепката за групната фаза на Лигата на шампиони на 26 август во Истанбул.
✨ NOMINEES: 2020/21 Men's Player of the Year ✨
?? De Bruyne
?? Kanté
?? Jorginho?️ #UEFAawards winners announced at the #UCLdraw, 26 August 2021 ?
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 19, 2021
✨ NOMINEES: 2020/21 Men's Coach of the Year ✨
?? Guardiola
?? Mancini
?? Tuchel?️ #UEFAawards winners announced at the #UCLdraw, 26 August 2021 ?
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 19, 2021