Top Sport

Вуелта: Де Марки супериорен, Јејтс го спаси водството пред Пино (видео)

Италијанецот Алесандро де Марки го искористи искуството за да победи на најдолгата 11. етапа на Вуелта Еспања во Галиција, додека Французинот Тибо Пино го „притисна“ лидерот на трката, Сајмон Јејтс на тешкиот ден на дожд за велосипедистите.

Колегите на Де Марки од БМЦ тимот, Николас Роуч и Дилан Тојнс ја предводеа групата од 19 велосипедисти која се одвои на етапата од 207.8 километри, за Италијанецот на крајот на трката да заврши со 28 секунди предност пред Колумбиецот Џонатан Рестрепо (Катјуша), а италијанскиот ветеран Франко Пелицоти (Бахреин-Мерида) беше трет со 59 секунди заостанување.

Пино (ФДЈ) половина етапа беше во „виртуелно“ водство, пред неговата предност да биде намалена на 12 секунди на финишот во Луинтра и тој заврши со 2:02 предност пред Јејтс. Британецот Јејтс (Мичелтон-Скот) беше дел од главната група и на крајот остана лидер со 2:20 пред Пино, кој сега е на 16. место во генерален пласман.

Scroll to Top