Фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоржињо сака да се врати во Наполи кога ќе заврши неговиот договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“, тврди италијанскиот весник „Ла република“.
Италијанскиот репрезентативец пристигна во Лондон во 2018 година и е постојан првотимец со 19 меча во 2022/23 и три гола. И покрај тоа што помина три сезони во Челси, тој би сакал да се врати во Неапол, и е подготвен да се согласи на драстично намалување на платата, бидејќи италијанскиот клуб не може да му понуди идентична плата како во Англија.
Доколку Челси успее да го обезбеди потписот на фудбалерот на Бенфика, Енцо Фернандез, Жоржињо би бил „вишок“ и клубот наводно би сакал да го продаде Жоржињо во јануари, а за него се заинтересирани Њукасл и Барселона.