Фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоржињо се извини за еден од најлошо изведените пенали во последните години во неделата против Вест хем, признавајќи дека уште се чувствува лошо што ги изневерил навивачите.
Обидот на Жоржињо беше толку слаб, што лесно заврши во рацете на Лукаш Фабијански, но Челси беше „спасен“ од Кристијан Пулишиќ кој во последната минута од мечот постигна гол за победа.
„Постои притисок во такви натпревари во кои морате да победите и се играат последните минути. Се обидувате да го изолирате својот ум од притисокот, но по сите ВАР проверки кои траат долго, тешко е да останете концентрирани. Овојпат не ми успеа. Доволен е само мал сомнежи да згрешите. Извинете, се чувствувам лошо за тоа што го направив“, вели Жоржињо за „Скај спортс“.
? "I'm sorry, I feel bad."
Jorginho reflects on his penalty miss against West Ham at the weekend pic.twitter.com/A4FVyPbZLp
— Football Daily (@footballdaily) April 26, 2022