Top Sport

Жота: Кристијано Роналдо беше мој херој

Новата ѕвезда на Ливерпул, Диого Жота признава дека неговиот португалски сонародник Кристијано Роналдо му бил херој додека растел, со посебно внимание за финалето на Евро 2004 година.

23-годишниот Жота е едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата оваа сезона, со 9 гола во 15 настапи за „црвените“ по трансферот од Вулверхемптон и вели дека најодговорен за ова е тренерот Јирген Клоп.

„Кога ќе дојдеш во нов клуб, најважно е да имаш отворен ум за да се адаптираш бргу и тоа го направив со помош на Јирген. Тој е фантастичен менаџер кој навистина се грижи за мене. Кога дојдов, тој ми објасни како функционира тимот и потоа беше до мене да научам да функционирам и да бидам важен играч на теренот“, вели Жота за „Атлетик“.

Жота вели дека како дете најголемото влијание за љубовта кон фудбалот бил пласманот на Португалија во финалето на ЕП во 2004, кога загубија од Грција, а беа предводени од тогаш тинејџерот Роналдо.

„Најмногу се сеќавам на финалето во 2004 кога за жал загубивме. Имав седум години и фудбалот ми стана страст. Кристијано Роналдо ми беше херој. Тогаш имаше 19 години и играше на високо ниво. Додека бев дете тој играше за Манчестер јунајтед и Реал Мадрид и како сите Португалци тој ми беше реперот“, вели Жота, кој сега има чест да игра во репрезентацијата со Кристијано.

 

Scroll to Top